Достапни линкови

Русија го презема случајот на убиениот дагестански новинар


Кадзимурат Камалов
Истражниот комитет на рускиот јавен обвинител одлучи да ја преземе наводно заглавената истрага за случајот на убиство на новинар во републиката Дагестан во немирниот Северен Кавказ. Портпаролот на комитетот Владимир Маркин, изјави дека одлуката била донесена по барање на 100 пратеници во руската Дума.
Дагестанскиот новинар Кадзимурад Камалов, беше застрелан во главниот град на републиката Макачкала во декември минатата година.
XS
SM
MD
LG