Достапни линкови

Експлозија во близина на конвој на ОН во Сирија


станува збор за втора експлозија која се случува во близина на конвој на светската организација. Фотографија од првиот напад
Бомба поставена покрај пат во Сирија експлодирала во близина на конвојот во кој се наоѓал шефот на набљудувачката мисија во земјата, во областа Доума во Дамаск. Нема информации за жртви. Шефот на мисијата на Обединетите нации Генералот Роберт Муд, заедно со неговиот посетител, шефот на мировниците Херве Ладсоус биле на 150 метри одалеченост од експлозивната направа. За сега не е јасно која била метата на експлозијата. Нема ни коментар од претставниците на набљудувачката мисија во Сирија.
XS
SM
MD
LG