Достапни линкови

Каролос Папуљас предлага влада од технократи


Грчкиот претседател Каролос Папуљас
Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос изјави дека грчкиот претседател Каролос Папуљас предлага влада од технократи, која ќе биде поддржана од Парламентот. Папуљас го презентирал предлогот на средбата со лидерите на трите партии, Нова демократија, ПАСОК и Демократска левица, Андонис Самарас, Венизелос и Фотис Кувелис.
Според Венизелос, преговорите за составување на коалициска влада ќе продолжат денеска со учество на сите парламентарни партии, со исклучок на неонацистичката Златна Зора.
XS
SM
MD
LG