Достапни линкови

Партијата на Меркел претрпе пораз на регионалните избори


Германската канцеларка Ангела Меркел.
Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел претрпе голем пораз на регионалните избори во Северна Рајна-Вестфалија. Поддршката на Христијанските демократи во најнаселената германска сојузна држава паднала од 35 на 26 отсто. Според анкетите на телевизијата АРД, Социјал демократите и Зелените, најголемите опозициски партии во Германија, заедно освоиле 51 отсто од гласовите, со што добиваат мнозинство во регионалниот парламент. Пиратската партија на Германија освоила 7,4 отсто од гласовите. Во Северна Рајна-Вестфалија гласаат 13,2 милиони луѓе, речиси една петтина од вкупниот број гласачи во Германија.
XS
SM
MD
LG