Достапни линкови

Двајца британски војници убиени во Авганистан


илустрација
Полицијата застрелала двајца војници од Обединетото кралство во југот на Авганистан во саботата, соопштија британските власти. Британското министерство за одбрана соопшти дека војниците биле „застрелани и убиени од припадници на авганистанската полиција“ во областа Лашкар Гах во провинцијата Хелманд. Загинатите биле дел од советодавен тим и се подготвувале за состанок кога биле нападнати. Мисијата на НАТО во земјата соопшти дека напаѓачите биле бунтовници во полициски униформи. Неименуван високорангиран авганистански службеник, од друга страна, тврди дека убијците веќе подолго време биле припадници на авганистанските полициски сили.
XS
SM
MD
LG