Достапни линкови

Интерпол трага по потпретседателот на Ирак


Тарек АЛ Хашеми
Интерпол соопшти дека била распишана потерница по потпретседател на Ирак Тарек Ал Хашеми кој е во бегство, осомничен за организирање и финансирање на терористички напади. Меѓународната полициска агенција рече дека потерницата била распишана по барање на власта во Ирак. Хашеми, на кого му се суди во отсуство во судот во Багдад, последен пат бил виден во Истамбул. Тој е соочен со обвиненија за убиство на шест ирачки судии и високорангирани државни службеници. Хашеми има кажано дека обвинувањата се политички мотивирани.
XS
SM
MD
LG