Достапни линкови

Владеачката партија во Ерменија со мнозинство гласови


графа со прелиминарните резултати од гласањето во Ерменија
Ерменската централна изборна комисија соопшти дека владеачката републиканска партија на претседателот Серж Саркисиан освоила 44,05 проценти од гласовите на изборите кои се одржаа во неделата. Победата и обезбедува на партијата парламентарно мнозинство и претставува подршка за Саркисиан пред претседателските избори закажани за догодина. Коалицискиот партнер на владеачката партија „Напредна Ерменија“ е втора по бројот на освоени гласови со нешто помалку од 31 процент. Опозицискиот Ерменски национален блок обезбеди влез во парламентот, освојувајки повеќе од седумте проценти од гласовите потребни за пратенички места.
XS
SM
MD
LG