Достапни линкови

НБРМ ја намали проекцијата за раст на економијата


Народната банка на Република Македонија (НБРМ)
Најновата проекција на Народната банка на Република Македонија за раст на економијата годинава е два проценти, наместо 2,4 отсто колку што беше претходната. Како што се наведува во соопштението од денешната седница на Советот на НБРМ, новата проекција е резултат на послабите остварувања во четвртиот квартал и влошените очекувања за економиите на најзначајните трговски партнери, кои покажуваат малку побавно закрепнување од претходно очекуваното. За 2013 година се очекува дека растот ќе забрза и ќе изнесува 3,7 проценти, согласно глобалното закрепнување и неговото позитивно влијание врз извозниот сектор и домашните потрошувачки и инвестициски одлуки.
XS
SM
MD
LG