Достапни линкови

Претседателот на Молдавија одби да потпише закон за кастрација


Николар Тимофти
Претседателот на Молдавија одби да го потпише указот за закон кој предвидува хемиска кастрација на резиденти и странци осудени за педофилија во земјата. Претседателот Николар Тимофти рече дека со законот се кршат човековите права и се создава простор за тортура. Шефот на државата го врати законот во Собранието каде истиот беше изгласан на шести март. Легислативата предвидува хемиска кастрација на осудентие педофили, и посебни судски одлуки за осудените за силување.
XS
SM
MD
LG