Достапни линкови

Руски опозиционер прекина 40 дневен штрајк со глад


Олег Шеин
Руски опозициски политичар го прекина 40 дневниот штрајк со глад. Олег Шеин, кој беше кандидат на изборите на 4 март во Астрахан, на својот блог напиша: „Штрајкот со глад е прекинат откако сите наши пријатели кои ги уапси полицијата се ослободени“. Официјалните резултати покажуваат Шајн се пласирал втор по бројот на гласови во тркатаљ за градоначалничкото место, кое сега го обавува пратеник од партијата на претседателот Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG