Достапни линкови

Албанскиот претседател Топи се сретна со лидерот на ДУИ Ахмети


претседателот на Албанија Бамир Топи
Во рамките на денешната посета на Тетово претседателот на Албанија Бамир Топи се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети. ,,За успешните добрососедски односи зборував и со претседателот Иванов и ве уверувам дека Албанија ќе даде директна поддршка за Македонија што побрзо да се зачлени во НАТО и заеднички двете земји да влезат во ЕУ,, изјави Топи. На средбата се разговарало и за актуелните случувања во Македонија. ,,Му порачав на претседателот Топи дека ја споделуваме тагата за изгубените пет животи на нашите сограѓани,, изјави Ахмети, додавајќи: ,,Ова е тежок криминален акт, но животот мора да продолжи и трагедијата да ја надминеме заеднички без прејудицирање,,.
XS
SM
MD
LG