Достапни линкови

Брејвик планирал убиство на поранешниот премиер на Норвешка


Андерс Брејвик
Андерс Брејвик кој призна дека уби 77 лица во Норвешка пред судот денеска изјави дека планирал да го киднапира поранешниот премиер Гро Харлем и да му ја отсече главата. Брејвик планирал и да го сними убиството и да постира на интернет.
Тој на четвртиот ден од неговото судење претходно рече дека првично сакал да изведе три бомбашки напади, чии цели би биле некои владини згради, седиштето на Лабуристичката партија или кралската палата.
XS
SM
MD
LG