Достапни линкови

Клинтон предупреди на построги санкции за Сирија


Хилари Клинтон
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го предупреди сирискиот претседател Башар ал-Асад на построги последици ако тој ја пропушти "последна шанса" од неуспехот да се спроведе мировниот план поддржан од меѓународната заедница. Говорејќи во Брисел, таа рече дека додека меѓународните набљудувачи се распоредени во Сирија според планот со посредство на меѓународен претставник, Кофи Анан, Асад ја продолжува репресијата против своите противници. Претходно сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем ги отфрли предлозите на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун да се прошири бројот на монитори во Сирија, велејќи дека 250 е "разумен и логички" број на набљудувачи за следење на ситуацијата во неговата земја.
XS
SM
MD
LG