Достапни линкови

Лидерот на Хизбалах е првиот гостин во шоуто на Асанж


Лидерот на Хизбалах Хасан Насралах
Првиот гостин во телевизиското шоу на основачот на Викиликс Џулијан Асанж беше лидерот на Хизбалах Хасан Насралах, кој Израел и САД сметаат дека е терорист. Насралах говореше преку компјутерски линк во живо од Бејрут, а интеврјуто беше објавено на телевизија Russia Today, која емитува програма на англиски јазик.
Асанж интевјуто го направи од непозната локација во Британија, каде се наоѓа во домашен притвор и и се спори околку неговата можна екстрадиција во Шведска каде што е осомничен за сексуално злоставување.
Насралах ретко се појавува во јавноста, бидејќи се плаши дека ќе биде ликвидиран од Израел.
XS
SM
MD
LG