Достапни линкови

Започна судењето на обвинетите за напад на метрото во Њу Јорк


Метрото во Њу Јорк
Започна судењето на американскиот државјанин Адис Медунањин кој е обвинет за обид да изврши бомбашки напад во метрото на Њу Јорк. Тој се изјасни за невин. Американските власти соопштија дека Медуњанин бил трениран од Ал Каеда и го опишаа заговорт како еден од најсмртоносните по нападите на 11 септември во 2001 година.
Двајцата мажи кои се исто така обвинети за случајот признаа дека го планирале нападот за да се одмаздат за американските воени акции во Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG