Достапни линкови

Вермонт усвои резолуција за соработката со Македонија


Министерот за одбрана Фатмир Бесими
Собранието на Вермонт со акламација усвои резолуција за соработката со Македонија и армиското партнерство меѓу Националната гарда на Вермонт и АРМ во изминатите 17 години. Резолуцијата го поздравува учеството на Македонија во меѓународните мисии и изразува благодарност за заедничките напори со Вермонт за мирот, безбедноста и стабилноста ширум светот.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими, кој ја предводеше делегацијата на свеченоста во главниот град на Вермонт, Монпеље изјави за Гласот на Америка дека резолуцијата претставува валоризација за досегашниот партнерски однос со АРМ.
XS
SM
MD
LG