Достапни линкови

Узбекистан ќе привлекува странски инвеститори


Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов изјави денеска дека властите ќе им понудат на странските инвеститори даночни олеснувања и гаранција дека нема да се мешаат во нивната работа.
Според декретот, меѓународните компании кои ќе инвестирааат повеќе од 5 милиони долари ќе бидат ослободени од данок во наредните 10 години. Во него се повикуваат и агенциите за спроведување на законот да не ја ограничуваат работата на странските компании.
XS
SM
MD
LG