Достапни линкови

САД ја поздравија средбата меѓу лидерите на Индија и Пакистан


Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари се сретна со индискиот премиер Манохан Синг.
САД ја поздравија средбата меѓу лидерите на Индија и Пакистан и оценија дека подобрувањето на односите меѓу двете земји ќе му помогне на целиот регион. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари е првиот претседател што ја посетил Индија во последните седум години. Тој се сретна со индискиот премиер Манохан Синг. Тие се согласиле дека е потребно затоплување на односите меѓу двете соседни, но непријателски расположени нуклеарни сили.
XS
SM
MD
LG