Достапни линкови

Повторно партиски препукувања за акцијата Детонатор


Запленетите апарати во акцијата Детонатор
СДСМ денеска побара за акцијата „Детонатор“ да има политичка и кривична одговорност по вертикала до највисоките институции на системот. Според партијата, акцијата покажала дека шест години се толерирал криминал на една третина од територијата од државата и за тоа одговорност треба да понесе министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и директорот на Царинската управа Ванчо Каргов и директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски.
ВМРО ДПМНЕ реагираше дека очигледна е политиката на СДСМ да се стави на страната на криминалот. Според нив СДСМ тоа го прави или со директна одбрана на сторителите на тешки кривични дела, преку протести, блокирање на судови или индиректно преку омаловажување на акциите на МВР.
XS
SM
MD
LG