Достапни линкови

Иран го пофали Гинтер Грас


Гинтер Грас
Иран денеска ги поздрави критиките што германскиот нобеловец за литература Гинтер Грас ги изнесе на сметка на израелскиот став за иранската нуклеарна програма. Во писмото уптено до Грас, иранскиот заменик за надворешни работи Џавад Шамакдари го пофали поради тоа што ја изнесол вистината, пренесуваат иранските медиуми. Грас наиде на жестоки критики во Германија и во Израел, бидејќи во поема објавена деновиве во весникот Зидојче Цајтунг ја обвини еврејската држава дека го доведува во опасност светскиот мир со тоа што си дава за право да најавува напад врз Иран. Тој во песната исто така, ја критикува и хипокризијата на Западот во врска со нуклеарната програма на Израел.
XS
SM
MD
LG