Достапни линкови

Претседателот Иванов на манифестација во Шуто Оризари


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов како покровител на проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“, денеска ќе присуствува на спортско културна манифестација во општина Шуто Оризари. По Прилеп, Шуто Оризари е втора општина каде што се организира ваквата манифестација. Проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ има за цел да им овозможи на учениците од основно образование од шест општини, преку спортски активности, дружење, комуникација и посета на локални културни знаменитости, подобро да се запознаат со своите врсници кои потекнуваат од различни културни или етнички заедници, да го развиваат духот на заедништво и меѓусебно разбирање и почитување.
XS
SM
MD
LG