Достапни линкови

УНЦХР-бегалците од Босна меѓу петте приоритети


Конвој на бегалци чека влез во Бања Лука во 1995 година
Високиот комесаријат за бегалци на ОН соопшти дека и по 20 години од почетокот на опсадата на Сараево проблемите на бегалците од распадот на Југославија остануваат меѓу петте нејзини приоритети.
Според агенцијата, повеќето од бегалците кои биле принудени да ги напуштат нивните домови за време на конфликтот во 1991 до 1995 година или се вратиле во нивното родно место или се интегрирани локално. Агенцијата притоа ги поздрави напорите на властите од регионот за решавање на станбеното прашање на околу 74 илјади бегалци.
XS
SM
MD
LG