Достапни линкови

Тим на ОН во посета на Сирија


Претставникот на ОН и Арапската лига за Сирија Кофи Анан
Тим на ОН се очекува да пристигне во Дамаск во наредните 48 часа, кој ќе го набљудува прекинот на огнот во земјата. Тоа е дел од мировниот план на претставникот на ОН и Арапската лига за Сирија Кофи Анан. Распоредувањето на 250 набљудувачи мора да биде одобрено од резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.
Вчера Анан изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад ветил дека ќе ги повлече војниците и тешкото оружје од градовите до 10 април.
XS
SM
MD
LG