Достапни линкови

Независните Грци формираа парламентарна група


Грчкиот парламент
Грчките медиуми јавија дека новоформираната партија Независни Грци има парламентарна група со приклучувањето на независниот пратеник Панос Каменос. Со тоа се исполни условот за создавање нова парламентарна група, која треба да брои десет лица.
Според Каменос, целта на партијата е да управува без Нова демократија, ПАСОК и ЛАОС. Каменос беше дел од претходната влада на конзервативците и беше отстранет од Нова демократија поради одбивањето да го поддржи новиот кредитен договор.
XS
SM
MD
LG