Достапни линкови

Иванов оствари средба со претседателот на Руанда


Претседателот Ѓорге Иванов
Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателот на Руанда Пол Кагаме за време на Комисијата за широко-појасен интернет и дигитален развој во Охрид. Тие се согласиле дека односите меѓу двете земји, и покрај отсуството на редовен политички дијалог се карактеризираат со висок степен на почитување и пријателство. Претседателите размениле информации за актуелните политички и економски состојби во двете земји, стратешките интереси и определби, како и регионалните состојби.
Иванов истакнал дека Македонија, покрај интеграција во Европската унија и НАТО, негува интерес за унапредување на соработката со земјите од Африка, следејќи го принципот за отвореност кон сите.
XS
SM
MD
LG