Достапни линкови

Мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим се сретна со Груевски


Мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим
Мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим во Скопје се сретна со премиерот Никола Груевски со кој дискутирал за повеќе теми. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски по пристигнувањето на Слим изјави дека тој е добро запознаен со Македонија и оти знае за стапката на невработеноста, задолженоста, гранките кои имаат потенцијал, кои се најголеми извозници, кои се потенцијалите во енергетиката, металството, и телефонијата.
Ивановски посочи дека денеска Слим ќе има работен состанок со економскиот владин тим на кој ќе бидат презентирани проектите на Владата за привлекување странски директни инвестиции.
XS
SM
MD
LG