Достапни линкови

Арапската лига повика Сирија да стави крај на конфликтот


Специјалниот пратеник на Арапската лига во Сирија, Кофи Анан
Арапските лидери на Самитот во Багдад повикаа сириските власти и опозицијата да се договорат за да се стави крај на едногодишниот конфликт.
На самитот на Арапската лига беше одобрен мировниот план инициран од страна на ОН и на специјалниот пратеник на Арапската лига, Кофи Анан. Лидерите побараа договорот да се имплементира „веднаш и успешно.“
Планот повикува на повлекување на тешкото оружје и војници, хуманитарна помош, ослободување на затворениците, и слободно движење и пристап за новинарите. Сирискиот претседател Башар Асад претходно изјави дека ќе го прифати мировниот план, но тој предупреди дека нема да функционира планот, ако не престане странската подршката и финсирање на противниците. За Вашингтон зебелешките на Асад се обесхрабрувачки.
XS
SM
MD
LG