Достапни линкови

Индија-шефот на војската со критика за состојбата на одбраната


Припадници на војската на Индија
Шефот на индиската војска генералот Виџај Кумар Синг предупреди дека воените сили се слаби и не би можеле да ја одбранат земјата. Во писмото кое дошло до медиумите, а било наменето за индискиот премиер Синг е наведено дека авионскиот одбрамбен систем е застарен, восјката има недостиг на опрема, а тенковите немаат муниција.
Министерството за одбрана соопшти дека властите ги разгледуваат информациите. Политичките партии реагираа лошо на писмото, а некои од нив побараа оставка од шефот на војската.
XS
SM
MD
LG