Достапни линкови

Бесими се сретна со неговиот италијански колега


Министерот за одбрана Фатмир Бесими
Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска оствари средба со неговиот италијански колега Џанпаоло Ди Паола и со началникот на Генералштабот на италијанската армија Биаџо Абрате. Според соопштението, Италија ја потвдила поддршката за членство на Макеоднија во НАТО, а на средбите станало збор и за реформскиот процес во согласност со стандардите на Алијансата и за искуствата на двете земји преку учеството на мировните мисии.
Бесими изјавил дека членството на Македонија во евроатланските структури е важно за стабилноста на земјата и регионот.
XS
SM
MD
LG