Достапни линкови

Започна судењето на поранешниот турски шеф на армијата


Поранешниот турски шеф на армијата Илкер Базбуг
Судењето на поранешниот турски шеф на армијата Илкер Базбуг кој е обвинет за тероризам започна денеска во затворот Силиври во околината на Истанбул. Базбург кој беше на функцијата од 2008 до 2010 година се наоѓа во притвор од јануари. Тој е еден од стотината лица кои се соочуваат со обвиненија за тероризам поврзани со мрежата Ергенекон, која е одговорна за заговор против Партијата за развој и правда на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Базбург се изјасни невин и ги нарече обвинувањата против него траги-комични.
XS
SM
MD
LG