Достапни линкови

Новиот косовски амбасадор во Тирана под истрга на ЕУЛЕКС


Сулејман Селими
Мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС) води истрага против новиот косовски амбасадор во Тирана, Сулејман Селими, кој е поранешен командант на ОВК, пишува приштинскиот весник „Бота сот“.
Извори во ЕУЛЕКС за весникот изјавиле дека против Селими се води истрага за случај во едно село кај Дреница во време на косовската војна. Лице од ова село, кое сега живее во Германија, во врска со овој случај депонирало изјава во Обвинителството на ЕУЛЕКС.
Селими е еден од највисоките поранешни кадри на ОВК, кој сега е интегриран во новата косовска дипломатија. На местото амбасадор дојде од функцијата командант на косовските безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG