Достапни линкови

НАТО во Чикаго да даде јасен сигнал за проширувањето на Алијансата


Американскиот сенатор Џон МекКејн
Американскиот сенатор Џон МекКејн зборувајќи на тркалезна маса посветена на престојниот самит на НАТО во мај изрази разочарување што прашањето на проширувањето на Алијансата не е на врвот на агендата во Чикаго.
МекКејн побара да им се даде јасен пат на земјите како Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија.

„ Ние мора јасно да дадеме на знаење на овие земји како и на било која друга земја во Европа која сака да е дел од НАТО и која може да ги исплни критериумите дека патот за членство е отворен“,

изјави влијателниот републикански сенатор Џон МекКејн на тркалезната маса во Вашингтон посветана на престојниот самит на НАТО.
XS
SM
MD
LG