Достапни линкови

САД и Израел со честитка до Иран за персиската Нова година


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го поздрави почетокот на персиската Нова година и им посака најубави желби на жителите на Иран. Во соопштението е наведено дека жителите на САД им се придружуваат во можностите кои ги нуди новата година и во зајакнување на односите меѓу семејството и пријателите. Таа додава дека како што се соочуваат со новите предизвици, тие остануваат посветени на поддршката на човековите права и слободата на изразување, кои го промовираат мирот и напредокот.
Израелскиот претседател Шимон Перез исто така до Иран испрати желби за мир.
XS
SM
MD
LG