Достапни линкови

Азербеџан нема да дозволи напад на Иран преку неговата територија


Азербеџанскиот министер за одбрана Сафар Абијев
Азербеџанскиот министер за одбрана Сафар Абијев за иранската национална телевизија изјавил дека Баку нема да дозволи неговата територија да биде искористена за напад на Иран. Според него, Азербеџан сака мир, стабилност и безбедност на регионот.
Блиската воена соработка со Иран, како што изјавил Абијев по средбата со неговиот ирански колега Ахмад Вахики ќе биде гаранција за мирот во регионот.
XS
SM
MD
LG