Достапни линкови

Вдовиците на Бин Ладен обвинети за нелегален престој во Пакистан


Местото каде беше убиен Осама Бин Ладен
Пакистанските власти соопштија дека ги обвиниле трите водовици на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама Бин Ладен за нелегален престој во земјата. Според нив, трите жени од кои две од Саудиска Арабија и една од Јемен нелегално влегле во земјата за да живеат со Бин Ладен во неговото тајно скривалиште во градот Аботабад. Жените заедно со нивните десет деца се во притвор од 11 мај минатата година, по убиството на Бин Ладен.
Тие можат да добијат казна по пет години затвор.
XS
SM
MD
LG