Достапни линкови

Јапонската влада лошо реагирала на ланската катастрофа


Јапонскиот премиер Јошихико Нода
Јапонскиот премиер Јошихико Нода денеска призна дека владата не реагирала на вистински начин по земјотресот и цунамито што ја погодија Јапонија. Според него, владата пребавно ги објавувала клучните информации и премногу верувала во митот за безбедноста на нуклеарните централи. ,,Однесувањето во криза бара да го замислиме и незамисливото,, изјави Нода, обраќајќи им се новинарите пред годишнината од катастрофата во која на 11 март лани загинаа скоро 20 илјади луѓе и ја предизвика најголемата нуклеарна криза по онаа во Чернобил.
XS
SM
MD
LG