Достапни линкови

Еврoамбасадорот Аиво Орав пристигнува во Македoнија


Аиво Орав
Во Скопје денеска треба да пристигне новиот амбасадор на Европската унија Аиво Орав. Естонскиот дипломат ќе го преземе амбасадорското место кое повеќе од шест месеци беше испразнето, откако неговиот претходник Петер Соренсен замина на нова должност во Босна и Херцеговина. Орав в понеделник ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов, со што формално ќе стапи на функција. Аиво Орав е роден во 1965 година, и е дипломат од кариера. Претходно беше амбасадор на Естонија во Анкара, од каде што ги покриваше и Македонија, Сирија, Азербејџан и Либан. Ја претставувал својата земја и во ОБСЕ во Виена, а бил и амбасадор во Полска.
XS
SM
MD
LG