Достапни линкови

Дводневен самит на ЕУ во Брисел


Од претходниот самит на ЕУ
Денеска во Брисел почнува дводневен самит на Европската унија посветен главно на справувањето со невработеноста и на забрзувањето на економскиот раст на Унијата. Пред собирот, во Белгија, Шпанија и Грција беа одржани протести против острите мерки за штедење. На самитот се очекува да биде донесена и конечна одлука за доделување кандидатски статус за влез на Србија во ЕУ. На дневен ред е и барањето за дополнителни санкции против Белорусија откако таа побара претставниците на Унијата и на Полска да ја напуштат земјата. Веднаш потоа и сите членки на ЕУ се согласија да ги повлечат своите амбасадори од Минск.
XS
SM
MD
LG