Достапни линкови

Ера на среќата во Туркменистан по реизборот на претседателот Бердимухамедов


Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов
Туркменистанската национална телевизија јави дека земјите од Централна Азија влегле во „Нова ера на најголема среќа“ по изборната победа на претседателот Гурбангули Бердимухамедов. Туркменистанскиот сервис на Радио Слободна Европа јави дека терминот за вториот мандат на Бердимухамедов бил предложен за време на состанокот на властите во Ашгабат во саботата.
Првиот мандат на Бердимухамедов беше наречен „Големата ера на преродбата“. По инаугурацијата Претседателот именуваше 27 членови на неговиот нов кабинет.
XS
SM
MD
LG