Достапни линкови

ЕУ со нови санкции против режимот во Сирија


Сирискиот претседател Башар ал Асад
Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Брисел предложија нови санкции за Сирија. Мерките се состојат во замрзнување на имотот на сириската народна банка, забрана за патување во Унијата на луѓето блиски до претседателот Башар ал Асад, забрана за карго летови во Унијата и рестрикција на трговијата со злато и скапоцени метали.
ЕУ веќе направи црна листа на околу 150 сириски граѓани и изрече ембарго за нафтата и оружјето на режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG