Достапни линкови

Вељаноски во официјална посета на Австралија


Трајко Вељаноски
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски од денеска престојува во официјална посета на Австралија. Во состав на собраниската делегацијата се и пратениците Илија Димовски, Милорад Додевски, Цветанка Иванова и Џевад Адеми.
Се очекува на средбите во Австралија да стане збор за продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји, подобрување на релациите со иселениците, зголемување на соработката на културен и на образовен план и создавање на услови за инвестирање во Македонија од македонските бизнисмени во дијаспората.
XS
SM
MD
LG