Достапни линкови

Жбогар: Договорот добар за Косово


Самуел Жбогар
Специјалниот претставник на Европската унија на Косово, Самуел Жбогар денеска во писмена изјава наведува дека ЕУ цврсто верува оти договорот за регионалното претставување е добар за напредокот и европската иднина на Косово.
Тој му честиташе на косовскиот премиер Хашим Тачи и ја пофали косовската Влада поради постигнувањето на договорот во последната рунда во дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел.
Жбогар посочи дека ЕУ ќе продолжи да посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина, со цел да обезбеди договорите кои се постигнати да се применуваат во корист на граѓаните.
XS
SM
MD
LG