Достапни линкови

ОМД -100.000 потписи за влез на Македонија во НАТО


Претседател на ОМД Мето Коловски
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) покрена петиција што ќе ја достави до американскиот претседател Барак Обама и до сите земји - членки на НАТО и со која ќе бара прием на Македонија во Алијансата на Самитот во Чикаго што ќе се одржи на 20 и 21 мај.
Организацијата апелира до сите Македонци и пријатели на Македонија да ја потпишат петицијата денеска и да го испратат линкот

https://www.change.org/petitions/president-obama-and-nato-heads-of-state-grant-nato-membership-to-macedonia-at-chicago-summit-in-may

до што поголем број луѓе, што е можно поскоро, за да се постигне целта од 100.000 потписи пред Самитот во Чикаго.
Поканата Македонија да му се придружи на НАТО во Чикаго е во согласност со основната мисијата на НАТО: демократска Европа, силна и слободна. Земјата ги исполни сите технички критериуми за членство во НАТО, и е надвор од Алијансата поради намерното прекршување на меѓународното право
XS
SM
MD
LG