Достапни линкови

Белоруски активист за човекови права номиниран за Нобелова награда


Од доделувањето на минатогодишната Нобелова награда
Словачката премиерка Ивета Радикова го номинираше белорускиот затворен активист за човекови права Алес Бјалатски за Нобелова награда за 2012.
Бјалатски беше обвинет за даночна евазија и осуден на четири и пол години затвор. Обвинувањата против него произлегуваат од извештаите од неговите лични сметки во банки во Литванија и Полска за примени средства од меѓународни донатори за активности поврзани со човековите права во Белорусија.
XS
SM
MD
LG