Достапни линкови

Ел Барадеј повика на обединување во Египет


Ел Барадеј зборува за време на протестите во Каиро, 30 јануари, 2011
Поранешниот кандидат за претседател на Египет, Мохамад Ел Барадеј ги повика египетските политичари да ги надминат разликите и да се обединат за да ја постават земјата на патот кон демократија и подалеку од воена власт. Во колумна за Фајненшл тајмс, поранешниот шеф на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, ја изрази својата поддршка за Муслиманското братство. Барадеј верува дека оваа исламистичка група ќе ги прифати другите политички фракции, ќе даде подршка за слободните пазари и ќе биде прагматична. Ел Барадеј, кој е добитник на Нобеловата награда за мир во 2005 година, пишува дека владеењето на сегашната власт во Египет е „под очекувањата“.
XS
SM
MD
LG