Достапни линкови

Лавров се сретна со сирискиот претседател Асад


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Дамаск се сретна со сирискиот претседател Башар ал Асад со кој разговараше за немирите во земјата. Лавров на Асад му соопштил дека во интерес на арапските земји е да живеат во мир и хармонија и му порачал дека секој лидер мора да ја прифати неговата одговорност. Се очекуваше Лавров да изврши притисок врз Асад за спроведување реформи за решавање на конфликтот во земјата, кој започна во март минатата година.
XS
SM
MD
LG