Достапни линкови

Верските заедници апелираат да се смират меѓуетничките и верски тензии


Реис ул Улема на Исламската верска заедница, Сулејман еф. Реџепи
Лидерите на верските заедници апелира до јавноста да престанат сите видови на меѓусебно навредување и омаловажување по верска и национална основа и да престанат обесчестувањата на верските објекти.
Во нивното соопштение е наведено дека Македонија е наша заедничка држава и сите се должни заедно да ја чуваат и да го одржуваат мирот и спокојството, како и да ги почитуваат религиозните и етничките посебности.
Поглаварите на црквите и верските заедници во Македонија денеска се сретнаа во седиштето на Исламската верска заедница, поради случувањата во струшко.
XS
SM
MD
LG