Достапни линкови

Русија нема да ја запре продажбата на оружје на Сирија


Рускиот заменик министер за одбрана Анатоли Антонов
Рускиот заменик министер за одбрана Анатоли Антонов изјави дека Москва нема да ја прекине продажбата на оружје на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, кој е еден од најголемите клиенти на земјата.
Русија е против резолуцијата на ОН за Сирија во која се повикува сирискиот претседател да ја напушти функцијата за да се стави крај на немирите во земјата. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека за прашањето ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на безбедносната конференција во Минхен, која ќе се одржи наредниот викенд.
XS
SM
MD
LG