Достапни линкови

Иванов на средба со поглаварите на МПЦ и ИВЗ за ситуацијата во Струга


Претседателот Ѓорге Иванов
Претседателот Ѓорге Иванов денеска попладне во вилата Водно ќе се сретне со поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан и поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи. На средбата, иницирана од Иванов, ќе стане збор за последните случувања во Струга и Струшкo и се очекува да биде упатена заедничка порака за смирување на состојбата.
XS
SM
MD
LG