Достапни линкови

Уапсени 150 лица на протестите во американскиот град Оукленд


Демонстрациите во Оуклунд во ноември 2011
Американската полиција соопшти дека уапсила 150 лица, кои учествувале на анти-капиталистичките протести „Окупирај го Волстрит“ во калифорнискиот град Оукленд. Полицијата морала да употреби солзавец и шок гранати за да ги растера демонстрантите. Демонстрантите успеале да влезат во Градското собрание и се обиделе да окупираат и друга зграда.
Дваесетина демонстранти биле уапсени поради тоа што кон полицијата фрлале камења и други предмети, при што тројца полицајци се повредени.
XS
SM
MD
LG